1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ѕвонарот од Прага

За Томас Старецки божиќното време е главната сезона во година. Тој веќе 25 години е ѕвонар во прашкиот Вајтсдом. Професија, стара стотици години, која за жал во ова модерно време на технички достигнувања полека изумира.

default

Прага

За Божик и Нова Година Томас Старецки има чест да ѕвони со најголемата црковна камбаана во светот. Едно ѕвоно тежи околу 16 тони, а тие не се движат само со притискање на некое копче, туку механички за што е потребно многу сила. Поголемиот број луѓе ѕвонарите си ги претставуваат нешто како оној од парискиот Нотердам, стар и подгрбавен. Но, луѓето навистина се изненадуваат кога ќе го запознаат 48 годишниот Томас, висок 1,85 сантиметри, виток и со добро градено тело. Дипломираниот астроном искачува 297 скали повеќе пати секоја недела додека да дојде до неговото работно место-камбанаријата: „Камбаните се сместени на два спрата. На подолниот кат се наоѓа камбаната Зигисмунд, а во горниот дел висат камбаните Венцел, Јоханес и Јозеф. Зигисмунд е најтешката камбана и тежи повеќе од 16 тони, а нејзиното клепало е тешко 200 килограми“, обајаснува Томас Старецки.

За да се придвижи со тони тешкото ѕвоно потребно е многу сила

Freiheitsglocke im Schöneberger Rathaus, Berlin

Едно ѕвоно тежи 16 тони

Еден човек нема шанси да го прави ова сам. Затоа Томас има уште петтмина колеги, кои му помагаат за да ги придвижи црквените камбани. Тие заедно ги влечат јажињата на големите ѕвона, прво полека, потоа малку посилно и се’ посилно и тоа секогаш во недела и на празници: „Зигисмунд е најтешката камбана, неа мора четворица да ја движат. Морам да признам дека работата воопшто не е лесна, затоа што при движењето на ѕвоната мораме да го најдеме точниот ритам, а притоа да внимаваме и на нашата безбедност, бидејќи тие имаат разурнувачка моќ“, објаснува Томас.

Камбаните во минатото имале големо симболичко значење и од нив се плашеле властодршците: „Јас станав ѕвонар уште за време на комунизмот. Од секогаш ме интересирале историјата, спомениците и старата традиција. Во тоа време ние ѕвонарите важевме за егзотичен вид луѓе, бидејќи тогаш беше всушност забрането биењето на камбаните. Освен тоа, никому и не му паѓаше на памет да прави такво нешто, затоа што тоа беше политички опасно. “

Божиќниот период е главна сезона во годината

Die Gloriosa die groesste frei schwingende mittelalterliche Glocke der Welt

Камбаните за Божик играат главна улога за време на раноутринската божиќна богослужба

Тогаш Томас Старецки треба да стане и во текот на ноќта, да се искачи во камбанаријата и да ѕвони за време на раноутринската божиќна богослужба: „Ѕвоното за мене е како музички инструмент. Тоа има посебно волшебство и звучи како оргуљи. Ние не само што ’свириме’ на него, туку и потполно се внесуваме во мелодијата на неговиот звук. При ѕвонењето се сплотуваме со него и стануваме една целина“, објаснува Томас со голема љубов. Крајот на годината за ѕвонарот од Вајтсдом претставува посебен настан: „Најубавото ѕвонење на камбаните е наутро на Нова Година, кога во Прага и насекаде во светот владее апсолутен мир и кога по бурната новогодишна ноќ полека почнува да се враќа секојдневниот живот во градот“, појаснува ѕвонарот Томас Старецки.

Автор: Кристина Јансен / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Александра Трајковска