1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Ѕвечкање на оружје

Напнатоста меѓу двете Кореи по потопувањето на јужно-корејскиот воен брод „Чеонан“ расте и натаму. Северна Кореја денеска најави дека ќе ги прекине сите односи со јужниот сосед.

default

Ќе проговори ли оружјето? Јужно-корејски војници на вежба

Владата на Јужна Кореја најави дека уште в четврток ќе спроведе маневри на морнаричките сили, во кои ќе се вежба борба против подморници. Повод за ваквите маневри е минатонеделното објавување на извештајот на меѓународната истражна комисија дека за потопувањето на јужнокорејскиот воен брод „Чеонан“ на 26. март било одговорно торпедо од севернокорејска подморница. Во инцидентот настрадаа 46 морнари. Раководството на Северна Кореја ги отфрла сите обвинувања дека е вмешано во инцидентот. Владата на Јужна Кореја, наспроти тоа, најави трговски и други санкции против северниот сосед, вклучувајќи и свикување на Советот за безбедност на ОН.

За да манифестира воена сила, јужнокорејската армија ќе спроведе и два воени маневра со американските поморски сили во наредните неколку дена. Освен тоа, пред јужниот брег на Јужна Кореја ќе биде стациониран и разурнувач, кој треба да ги спречи севернокорејските бродови да пловат низ Жолтото море. Дисидентски извори од Северна Кореја тврдат дека тамошната армија веќе е ставена во состојба на борбена готовност.

NO FLASH Korea Kriegsschiff

Извлекување на потопениот брод „Чеонан“

Апели за деескалација на ситуацијата

Американскиот претседател Барак Обама демонстративно застана зад владата во Сеул и ја поддржа реакцијата на јужно-корејскиот претседател Ли Мјунг-бак. Шефицата на Стејт департментот Хилари Клинтон, пак, на крајот од дводневната посета на Кина порача дека стабилноста во регионот е од голема важност. Двете земји подготвуваат заедничка реакција на кризата на корејскиот полуостров, нагласи Клинтон. Министерството во Пекинг одреагира воздржано на резултатите од истрагата на меѓународната комисија за потопувањето на бродот Чеонан. Кина е по традиција заштитничка сила на северно-корејскиот режим.

Рускиот претседател Дмитри Медведев побара од Јужна Кореја да реагира повоздржано и да избегне каква и да е ескалација на ситуацијата во регионот. Слични апели за разум до двете страни упатија највисоки претставници и на САД, Кина и Германија. „Ѕвечкањето со оружје“ на корејскиот полуостров предизвика нови турбуленции и на азиските берзи, каде курсевите забележаа ново опаѓање по кризата околу еврото.

Автор: Г.Ч./Е.М-Ф./ДПА/АФП/РТРД

Редактор: Жана Ацеска