1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ѕвездите од Бундеслигата доминираат на листата на УЕФА

УЕФА ја објави листата на десетмина фудбалери кои конкурираат за престижната награда - најдобар играч во Европа за сезоната 2012/2013. Четворица се од Бајерн Минхен, а еден од Борусија Дортмунд.

Пет фудбалери од Бундеслигата се најдоа на листата со 10 имиња на Европската фудбалска унија, која во август ќе биде скратена на три имиња, а најдобриот играч за минатата сезона ќе биде прогласен на 29.август во Монако.

На листата со најмногу фудбалери е застапен актуелниот европски првак Бајерн

DFB Pokalfinale Bayern München Borussia Dortmund Robert Lewandowski

Роберт Левандовски

Минхен – Томас Милер, Франк Рибери, Арјен Робен, Бастијан Швајнштајгер. Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски, чиј тим Борусија Дортмунд загуби во финалето на Лигата на Шампионите од Бајерн, е исто така номиниран.

Во конкуренција за играч на сезоната се наоѓаат и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид и Лионел Меси од Барселона.

Champions League FC Barcelona - AC Milan

Лео Меси

УЕФА оваа награда ја доделува од 2011 година, а досега ја освојувале Лео Меси и Андрес Иниеста.

Меѓу номинираните играчи се уште и Герет Бејл од Тотенхем, Златан Ибрахимовиќ од ПСЖ, и Робин ван Перси од Манчестер Јунајтед.