1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ѕвездите доаѓаат во Берлин

Во Берлин стартуваше 60 меѓународен филмски фестивал Берлинале 2010. Ќе бидат прикажани близу 400 филмови од 50 земји, а дваесетина конкурираат за главните награди-„Златната и Сребрените мечки“.

default

Кинеската артистка Моника Мо(десно), игра во филмот кој го отвори фестивалот

Со музичката честитка за 60-тиот роденден од Африка стартуваше гала отворањето на филмскиот фестивал. Во палатата на Берлиналето, во која за чудо не беа пополнети сите места, најпрво збор имаше првиот човек на фестивалот Дитер Кослик или како што го именуваат, Мистер Берлинале. Тој за главната тема на јубилејното издание – семејството, забележа дека по кризите и перипетиите семејството е местото кон кое сите се враќаат.

Eröffnung der Berlinale 2010 in Berlin Flash-Galerie

"Без Берлиналето не може да се замисли културното живеење на Германија и на овој град. Тоа имаше свои кризи и скандали, беше дури еднаш прекинато, но секогаш одново се наоѓаше себеси и денес е посвежо, помладо и поекспертиментално од кога и да е порано”, истакна и државниот секретар задолжен за културата, Бернд Нојман, кој осврнувајќи се на историјата, потсети дека Берлиналето беше основано од Американците, беше чедо на студената војна кое требаше на разурнатиот град да му го врати сјајот и гламурот. Но, требаше и да провоцира, да биде излог на слободниот запад, на културното живеење.

Eröffnung der Berlinale 2010 in Berlin Flash-Galerie

Гостите глумци и публиката на Берлинале

Мост меѓу културите

"За првпат тука се прикажаа филмови од истиочна Европа, од ДДР кои прашање е дали воопшто некогаш и би биле прикажани, или веројатно многу подоцна. Никаде киното, политиката и публиката не се така испреплетени. Берлиналето беше симбол за престолнината, фестивал кој е против делбите и омразата, а е за толеранцијата”, подвлече Нојман, заблагодарувајќи им се на сите кои досега придонеле Фестивалот да биде она што е: мост меѓу световите и културите. Збор имаше и градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт, а беше претставено и меѓународното жири предводено од Вернер Херцог, по што фестивалот беше и официјално прогласен за отворен.

Eröffnung der Berlinale 2010 in Berlin Flash-Galerie

Членовите на жирито

Почеток со кинески филм

Роденденскиот старт го означи светската премиера на кинескиот филм на Ванг Кванан “Туан Јуан” - “Одвоени, а заедно".

Тоа е филм за љубовта, разделеното семејство, стареењето, за граѓанската војна во Кина од која минале 50 години.Многу од војниците на Тајванската народна партија, кои се бореле против кинеските комунисти, меѓу кои и Лиу Јаншенг, пребегнале на Тајван. По 50 години тој се враќа во Шангај да ја сретне големата љубов Кијао Јуе, која пред пет децении морал да ја напушти иако чекала дете. Филмот е повеќе од семејна драма.

Испреплетени се и судбините на цели генерации. На старите и младите, кои се борат за повеќе пари и имаат се’ помалку семеен живот. Тоа е приказна со силни емоции и слики од заднината кои говорат многу повеќе за минатото и сегашноста на Кина.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Жана Ацеска