1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

„Ѕвездена вечер“ на Меси

Барселона и Интер се првите полуфиналисти на фудбалската Лига на шампионите. Денеска Бајерн од Минхен ќе се обиде да им се приклучи, но му претстои извонредно тешка задача на гостувањето кај Манчестер Јунајтед.

default

Лионел Меси

Гала-претстава на Лионел Меси, кој потврдува дека е моментно најдобриот фудбалер на светот. Фигуративно кажано, самиот го победи Арсенал во реваншот синоќа во Барселона, постигнувајќи ги сите четири гола за домаќинот. Арсенал, кој имаше и водство од 1 спрема 0, не успеа да најде начин да го запре аргентинскиот

Fußball Champions League FC Barcelona - Arsenal

Барселона - Арсенал

интернационалец, кој ги воодушеви 90-те илјади гледачи на стадионот. Меси, кој има само 22 години, сега со осум голови води на листата на стрелците во Лигата на шампионите. Во неа, сметано и со претходните години, Меси досега постигна вкупно 25 гола. Во обете екипи поради повреди недостасуваа повеќе звучни фудбалски имиња. Првиот дуел во Лондон заврши нерешено 2 спрема 2. Барселона може и натаму да сонува на 22 мај, токму на стадионот на својот исконски ривал Реал во Мадрид, да стане прва екипа која двапати последовно ја освојува Лигата на шампионите.

Но, претходно мора да го мине и полуфиналето, во кое ќе и’ се спротивстави Интер. Италијанскиот тим го совлада рускиот претставник ЦСКА од Москва со 1 спрема нула, идентично како и во првиот дуел во Милано.

Flash-Galerie Champions League März 2010

Пандев

Во тимот на Интер и овојпат настапи македонскиот репрезентативец Горан Пандев, но беше заменет кон средината на второто полувреме. Интер по првпат по 2003 година влегува меѓу најдобрите 4 во Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо стана прв тренер, кој со три различни екипи успеа да стигне до полуфиналето на најквалитетното европско клупско натпреварување.

Кои тимови ќе бидат вторите полуфиналисти?

Германскиот претставник Бајерн од Минхен пред девет години последен пат успеа да стигне до полуфиналето. Вечер има шанса, но со тенка предност од само 2 спрема 1 му оди на реванш на Манчестер Јунајтед. Баерн ќе биде засилен - се враќаат во тимот Арјен Робен и Бастијан Швајнштајгер, домаќинот е ослабен со неучеството на Вејн Руни, кој се повреди токму на првиот дуел во Минхен.

Bayern München Ivica Olic beim Torschuss gegen Manchester United Champions League Fußball FLash-Galerie

Од првиот натпревар меѓу Бајерн и Манчестер

Бајерн е охрабрен по успехот во дербито на Бундеслигата против Шалке, „Менју“ разнишан од поразот од Челзи, Бајерн го презеде водството во првенството, Манчестер го загуби првото место. Но Карл-Хајнц Румениге, претседател на Бајерн, смета дека сепак предноста е на страната на домаќинот: „Мислам дека Манчестер има нешто подобри карти, оти теориски му е доволна и победа од 1 спрема 0. Ние ќе се обидеме да го направиме можно она што пред една недела се чинеше невозможно“.

Во вториот вечерашен дуел од Лигата на шампионите Жиронден Бордо го пречекува Олимпик Лион. Во првиот натпревар Олимпик победи со 3 спрема 1.

Автор: ЗЈ/БГ/дв

Редактор: Александра Трајковска