1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

„Ѓурековиќ убиен бидејќи знаел премногу“

Судија во процесот против Крунослав Пратес, за време на кој Јосип Перковиќ беше дефиниран како организатор на убиството на Стјепан Ѓурековиќ, се присетува на потешкотиите во соработката со хрватските власти во случајот.

default

Перковиќ (лево) уапсен, па пуштен на слобода да ја чека одлуката за екстрадиција

Хрватскиот емигрант Стјепан Ѓурековиќ е ликвидиран во Баварија во 1983 година и, како и за низа други убиства на хрватските емигранти во Германија, правосудството се сомневаше во југословенската тајна служба. Уште во 2005-та година е издадена потерница за поранешниот генерал на УДБА Јосип Перковиќ, кој се‘ до првиот ден во оваа година уживаше заштита од хрватската држава. Дека Перковиќ е меѓу налогодавачите на убиствата стана јасно најдоцна во 2008-ма година, кога пред суд во Минхен на доживотен затвор беше осуден Крунослав Пратес. За време на тој процес, Перковиќ често беше споменуван како главен организатор на убиството. Судењето тогаш го водеше судијата Бернд вон Хајнчел-Хајнег, кој денес работи во приватна адвокатска канцеларија. За првпат од тоа судење, Фон Хајнчел-Хајнег за Дојче веле зборува за судењето, улогата на Перковиќ, како и за заштитата која овој удбаш ја уживал од Хрватска.

Дојче веле: Барањето на Германија за испорачување на Перковиќ почива на пресудата против Пратес. Уште тогаш се дојде до заклучок дека главните виновници за ова политичко убиство се’ уште се на слобода. Како вие денес ја доживувате улогата на Јосип Перковиќ?

Бернд фон Хајнчел-Хајнег: Ние на крајот од процесот бевме уверени дека Перковиќ е соучесник во убиството. Перковиќ бил тој кој ја издал наредбата и кој имал се’ во свои раце. Но, Перковиќ не е тој кој имал некоја лична полза од ова убиство. Тоа било нарачано од самиот политички врв.

Крунски сведок во судењето на Пратес беше поранешниот агент на УДБА Винко Синдичиќ. Многумина и во Германија и во Хрватска, поради неговата вплетканост во работата на тајните служби, се сомневаа во веродостојноста на овој сведок. Како денес ја проценувате улогата на Синдичиќ во овој процес?

Bernd von Heintschel-Heinegg Richter

Бернд вон Хајнчел-Хајнег е поранешен судија

Синдичиќ за нас беше важен сведок. Ние дојдовме до заклучок дека Синдичиќ, што се однесува до податоците поврзани за убиството на Ѓурековиќ, зборува вистина. Вистина, Синдичиќ како поранешен соработник на тајната служба имал некои отворени сметки. Не можете некој кој во друг случај изнесувал некоретни наводи автоматски потполно да го исклучите и да тргнувате од тоа дека секогаш ќе изнесува невистини. Неговите наводи ги проверувавме и тие беа потврдени и од други извори.

За време на судењето, но и на самото образложување на пресудата, го обвинивте хрватското државно обвинителство за недостаток на подготвеност за соработка. Затоа судењето беше прекинато две години. Се чини дека сегашната власт направи прилични напори за да не дојде до екстрадиција на Перковиќ?

Ќе го кажам следново – во процесот против Пратес свои искази дадоа и неколку сведоци од Хрватска. Во подоцнежните контакти со нив бевме известени дека тие поради тоа доживувале непријатности во Хрватска, па дека дури имале и проблеми на работа, само затоа што сведочеле во Минхен. Тоа најостро го осудивме, а јас своето незадоволство го пренесов и во европските институции. Тогаш реков дека соработката со Хрватска не одговара на стандардите на една земја која тежнее за влез во ЕУ. Што сега се случува – не можам да кажам, но на тогашната влада на Санадер не и’ беше дојдено до соработка. Сега сето тоа го следам од медиумите и мислам дека самиот факт што Перковиќ е приведен значи нешто. Се’ укажува на тоа дека на хрватските власти им е од интерес судењето на Перковиќ да се одржи во Хрватска. Втората можност е нему да му се суди во Германија, а во случај да биде осуден, тој казната да ја издржи во Хрватска. Но, тоа во овој момент е во втор план.

Процесот против Пратес е доживеан како пионерски потфат и како почеток на расветлувањето на убиствата на југословенската тајна служба. Државното обвинителство тогаш најавуваше и нови процеси. Зошто се’ застана на тоа едно судење?

Процесот против Пратес всушност почна како процес во кој се расветлува убиство извршено од стана на југословенските тајни служби врз еден хрватски емигрант, кој бил политички активен, и како таков се вклопи во цела серија слични убиства. Но, во текот на процесот стануваше се’ поизвесно дека не се работи за класично отстранување на политичко-идеолошкиот непријател, како што се обидувала да инсинуира Југославија, туку за лична пресметка на високорангирани политичари. Ние сме уверени дека Ѓурековиќ е убиен затоа што знаел премногу, што на некои им било премногу опасно.

DW.COM