1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ѓул не успеа во првиот круг гласање во турскиот парламент

*

Министерот за надворешни работи на Турција Абдула Ѓул како што се очекуваше не го доби потребното двотретинско мнозинство во првиот груг гласање во турскиот парламент за избор на шеф на државата. Номинацијата на 56- годишниот кандидат на владејачката исламско- конзервативна партија АКП за претседател , повторно предизвика бојкот на парламентарната сесија од страна на опозициската Републиканска партија . Имено повторно изрази стравување дека изборот на Ѓул би значел удар за секуларниот карактер на државата . Се очекува меѓутоа дека на Ѓул ќе биде избран за наследник на Ахмед Неџет Сезер во третиот круг гласање кога е доволно само просто мнозинство од гласовите на пратениците.