1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ѓул даде зелено светло за новата влада

*

Новоизбраниот турски претседател, Абдула Ѓул, го одобри новиот состав на владата што претходно му го достави премиерот Реџеп Таип Ердоан. Новиот кабинет брои 25 места. Наследник на Ѓул на функцијата министер за надворешни работи е Али Бабаџан. Бабаџан се залага за влез на Турција во ЕУ и досега ја претставуваше земјата во преговорите за приклучување што беа водени со Брисел. Бабаџан важи за религиозен муслиман, кој, меѓутоа, е застапник на идејата за поделба на државата и религијата.