1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ѓукановиќ во Брисел; Тадиќ во Виена

Предлогот на Подгорица за создавање независни држави Србија и Црна Гора е навремено размислување за во договорот со Белград да се дојде до утврдената цел во првата половина на 2006 година, изјави во Брисел црногорскиот премиер, Мило Ѓукановиќ.

Мило Ѓукановиќ

Мило Ѓукановиќ

Тој тврди дека во Брисел ниту НАТО ни другите организации не го оспоруваат правото на Црна Гора за одржување референдум во 2006 година околу опстанокот на државната заедница Србија и Црна Гора и нагласува дека стратешка цел на владата во Подгорица е членство во НАТО и во ЕУ.

2005 година целосно ќе и биде посветена на клучната цел за што побрзо приближување на Србија и Црна Гора кон ЕУ.

“Клучната порака и тогаш и сега беше - Црна Гора ја доживува 2005 година како година на шанса за брзо напредување кон европските цели“, рече Ѓукановиќ.

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Хавиер Солана, по разговорите со црногорскиот премиер, потенцираше дека прашањето на референдумот во 2006 година нема да ги расипе плановите и дека во 2005 година целото внимание ќе биде насочено кон европската интеграција на Србија и Црна Гора.

“Денеска единствената работа што е на маса е договорот потпишан во Белград во кој се говори дека СЦГ е во процес на завршување на студијата на изводливост. Потоа би следел Договор за стабилизација и асоцијација со ЕУ.“

Ѓукановиќ во Брисел разговараше и со генералниот секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер, особено по прашањето на Косово како клучен безбедносен предизвик на Западен Балкан. За покраината треба да се најде демократско решение. Австрискиот канцелар, Волфганг Шисел, пак на српскиот претседател Борис Тадиќ, кој и денеска е во Виена, му порача дека е сеуште рано за конечна одлука околу статусот на Косовои дека почетокот на разговорите треб ада биде нарано налето, откако ќе биде направена сериозна анализа на примената на стандардите.

Исполнување на сите стандарди бара и грчката влада, чиј прв човек Костас Карамнлис, беше во посета на Приштина. Тој потенцираше дека особено е важно исполнувањето на стандардите што се однесуваат на безбедноста на малцинствата.