1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ѓорѓи Филипов и официјално амбасадор на Република Македонија во СР Германија

Македонија ја има целосната поддршка на Германија!

Македонскиот амбасадор Филипов и германскиот претседател Келер

Македонскиот амбасадор Филипов и германскиот претседател Келер

Со предавањето на акредитивите денеска во Берлин и официјално Ѓорѓи Филипов стана нов амбасадор на Република Македонија во Сојузна Република Германија. Во протокаларниот разговор со сојузниот претседател Хорст Келер, Филипов ја доби безрезервната поддршка која Германија и ја дава на Македонија на патот кон ЕУ. Во 20 минутниот разговор стана збор и за постигнатото во Македонија, пет години по Охридскиот договор, како и за актуелности од регионот.

"Господине сојузен претседателе, имам чест да ви ги предадам акредитивите за моето назначување и да ги отповикам акредитивите на мојот претходник"

Со оваа куса изјава изречена во свечената сала на гостинската куќа на сојузниот претседател Хортст Келер претпладнево, Република Македонија и официјално го доби својот нов амбасадор во Сојузна Република Германија - Горги Филипов. Според протоколот амбасадорот со претставници од дипломатското претставништо во Берлин, на церемонијата пристигнаа во црни фракови и придружувани од петчлен полициски ескорд. Филипов беше пречекан со сите државвни почести и испратен со официјално подигање на знамињата на двете држави пред резиденцијата на германскиот претседател. Чисто протоколарната средба, меѓутоа место планираните 10, траеше полни 20 минути.

Како што по церемонијата изјави Филипов, на разговорот станало збор за севкупните состојби во Македонија и подготовките за добивање зелено светло за стекнувањето на статусот кандидат за членство во ЕУ, што се очекува на 9 ноември. Претседателот Хорст Келер ја истакнал целосната поддршка која Германија и ја дава на Македонија, и според Филипов, немало никакви задршки од негова страна по ова прашање. Во разговорот во четири очи не беше заобиколена ниту ситуацијата во Македонија - пет години по Охридскиот договор и напредокот што е направен. Претседателот Келер се осврнал и на работите кои Македонија треба да ги поправи. Инаку, како ни изјави амбасадорот Филипов, со сојузниот претседател не беа разменети мислења околу актуелниот спор кој го има Македонија околу името со јужниот сосед.