1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Ѓорѓиев: Средбите меѓу Груевски и Ахмети се нормална работа

Владата на Македонија функционира во полн состав, со полн капацитет, во добра кондиција, граѓаните треба да бидат спокојни, изјави портпаролот на македонската влада, Александар Ѓорѓиев.

Во врска со средбата на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со лидерот на ДУИ Али Ахмети, портпаролот рече дека владата официјално не коментира и не информира околу средбите на претседателот на владата со кој било од лидерите на политичките партии кои ја сочинуваат владината коалиција, а во поглед на вчерашната (25.08) средба потврди дека информациите пласирани во јавноста ја отсликуваат рамката во која се движеле разговорите помеѓу Груевски и Ахмети.

Околу можностите за нова средба со кој било од лидерите на партиите во владината коалициија, рече дека нема детали дали ќе дојде до определена средба, но додаде дека редовен принцип на функционирање на претседателот на владата и претседател на најголемата политичка партија во владината коалициија е да остварува редовни средби со сите лидери на политичките партии кои ја сочинуваат таа коалиција и во рамки на тоа,особено и со лидерот на втората по големина партија во коалицијата ДУИ, Али Ахмети.

Mazedonien Ministerpräsident Nikola Gruevski

Македонскиот премиер Никола Груевски

Медиумите вчера објавија дека коалиционите партнери во македонската влада, премиерот Никола Груевски и лидер на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на ДУИ Али Ахмети, завчера (24.08.2012) доцна навечер оствариле средба, но не успеале да се договорат околу предлог законот за бранители.
На состанокот на двaјцата лидери на коалициските партии, Ахмети објаснил дека со поклонувањето во Слупчане припадниците на ДУИ немале намера да повредат ничии чувства. Груевски пак, му ги опишал последиците и ефектите од таквата постапка кај Македонците кои биле повредени и разочарани. Двајцата соговорници се договориле во наредниот период да продолжи комуникацијата. Средбата траела два и пол часа, по предходен договор на пониско партиско ниво, но не се открива на чија иницијатива.
Премиерот Никола Груевски претходно изјави дека постои криза во владината коалиција како резултат на промените во однесувањето на дел од раководството на ДУИ
„Врв е настанот во Слупчане. Подготвени сме за предвремени избори ако ДУИ оцени дека тие се потребни иако не ги посакуваме", рече пред два дена Груевски.