1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ѓоковиќ дочекан како национален јунак

Сограѓаните му приредија невиден пречек на новиот лидер на АТП тениската листа, Новак Ѓоковиќ. Тој порача дека победата му ја посветува на својот народ.

Novak Djokovic reacts as he lifts up the WImbledon men's singles trophy in Belgrade, Serbia, Monday, July 4, 2011. Djokovic received a rapturous welcome in Serbia on Monday following his triumph at Wimbledon and on his first day as the world's top-ranked tennis player. (Foto: Marko Drobnjakovic/AP/dapd)

Новак Ѓоковиќ на дочекот во Белград

Шампионот на Вимблдон и најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ синоќа во Белград, на платото пред Собранието, беше пречекан од 100.000 луѓе.

„Успеавте овој ден да ми го направите најдобар во мојот живот. Ова никогаш нема да ви го заборавам, пехарот и’ е посветен на Србија“, рече Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на светот потоа му се заблагодари на својот тим, семејството и пријателите. Стоилјадната толпа возврати со повиците „Ноле, ние те сакаме“ и „Шампиони“.

Претходно Ѓоковиќ беше пречекан од неколку илјади луѓе на аеродромот „Никола Тесла“, каде изјави дека неговите чувства се исти како и претходниот ден.

„Чувството е исто како и по победата. Немав доволно време сето тоа да го анализирам, славењето допрва доаѓа. Уморен сум, но и возбуден што победата ќе ја прославам со својот народ“, изјави Ѓоковиќ по слетувањето. Тој дополни дека животната цел ја остварил уште пред финалето, кога стана број еден на светскиот тенис.

Низ белградските улици, според извештаите на српските медиуми, Ѓоковиќ бил поздравен од незапаметен број на луѓе.

Автор: БГ/макфакс

Редактор: Горан Чутаноски