1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ѓоковиќ го победи Надал во АТП-финалето

Новак Ѓоковиќ триумфираше на Мастерсот во Лондон откако синоќа (11.11) во финалето го победи Рафаел Надал. Со тоа Ѓоковиќ успеа да ја одбрани титулата освоена лани на истиот турнир.

Новак Ѓоковиќ го доби мечот во Лондон во два сета, за 96 минути. Ова е трета победа во третото негово финале на завршниот Мастерс турнир, додека Надал и во вториот финален меч остана без трофеј. Србинот претходно победи и во 2008 и 2012 година.

Првиот сет Ѓоковиќ го доби со 6:3 во гемови и притоа имаше два брејка, а Надал еден. Во вториот сет беше 6:4 за Ѓоковиќ, кој направи еден брејк и ја искористи третата меч топка.

Finale der Tennis-WM in London (Rafael Nadal)

Рафаел Надал е сепак прв на светската АТП-листа

Во меѓусебните дуели скорот сега е 22:17 за Надал, а во 2013 година 5:4 за Шпанецот. За Ѓоковиќ ова беше 41.ва титула или седма во 2013 година.

И покрај поразот во финалето Надал 2013 година ќе ја заврши како број1, а Ѓоковиќ е број 2 на светската АТП ранг листа. Во игра на двојки победија Шпанците Фернандо Вердаско и Давид Мареро, кои беа подобри од Американците, браќата Боб и Мајк Брајан.