1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Шутка-единствена во Европа

Македонија се гордее со тоа што е прва држава, во која Ромите се признати како конститутивен народ, а Шуто Оризари е единствената ромска општина во Европа. Но, има уште многу да се направи за нивната интеграција.

default

Ромите во светот живеат главно на перифериите и во гета

Kако живеат Ромите во Македонија? Каков е нивниот статус во општеството? Како тече нивната еманципација и интеграција во системот? Светскиот ден на Ромите е повод уште еднаш да се прегледаат билансите. Во Македонија живеат околу 55 илјади Роми, што претставува околу 2,6 проценти од вкупната популација. Но со оглед на тоа дека многу Роми не се регистрирани, се проценува дека нивниот број е трипати поголем. Македонија се гордее со тоа што е прва држава во која Ромите се признати како конститутивен народ, а Шуто Оризари е единствената ромска општина во Европа. Тука завршува светлата страна на ромската приказна. Писателот Љатиф Демир вели дека Македонија треба да направи уште многу за интеграција на Ромите.

На работ на егзистенцијата

Бедата во која живеат мнозинството Роми во Македонија ја опеаја легендарните музичари од групата „Леб и сол“, а за многу режисери беше инспирација за филм. Според статистиката, дури 90 проценти од Ромите во Македонија живеат во тешка сиромаштија, во неурбанизирани населби, без образование и без работа. 20 проценти од вкупниот број не можат да си го купат најнеопходното за живот.

Die Roma auf dem Balkan

Ромски деца

Програма за еманципација на Ромите

Неодамна во Шуто Оризари беа удрени темелите на ново средно училиште. Премиерот Никола Груевски вели дека преку образованието ќе се подобри квалитетот на животот на Ромите.

Основците од оваа населба сакаат да се запишат во новата гимназија. Програмата за образование на Ромите дава резултати. Расте бројот на ученици кои продолжуваат да се образуваат.

Во 2005 година почна декадата на Ромите. До 2015 - та владата и голем број граѓански асоцијации и невладини организации треба да спроведат низа конкретни мерки за еманципација на Ромите. Подобрување на нивниот социјален здравствен и образовен статус.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска