1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шумски пожари беснеат во Колорадо

Американскиот претседател Барак Обама денеска (29.06) ќе ги посети областите во Колорадо погодени од шумските пожари, кои досега однесоа најмалку еден човечки живот.

default

Едно тело е пронајдено под урнатините на изгорена куќа во Колорадо Спрингс, што е првата жртва од пожарите во сојузната американска држава Колорадо. Полицијата во Колорадо соопшти дека уште две лица се водат како исчезнати.

Големите шумски пожари што ја погодија американската сојузна држава Колорадо досега уништија речиси 350 куќи и 7.500 хектари земјиште. 35.000 луѓе се евакуирани. Од саботата повеќе од 700 пожарникари се обидуваат да се справат со стихијата, но само десет проценти од огнот е изгаснат. Шумските власти проценуваат дека ќе им биде потребен уште еден месец додека бидат угаснати сите пожари.

Конгресмени од Колорадо вчера до американската влада поднесоа барање за помош. Се бара оваа сојузна држава да биде прогласена за област погодена од катастрофа. На тој начин ќе може да биде одобрена брза помош. Борбата против пожарите досега проголта повеќе од 50 милиони долари, пишува во барањето на конгресмените, цитира весникот „Денвер пост“.

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе го посети погодениот регион. Поради високите температури, сувиот воздух и ветерот, во моментов во САД беснеат околу 40 пожари.