1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шумахер се повреди на скијање

Рекордерот - светски првак во Ф1, Михаел Шумахер паднал на скијање во францускиот Мерибел и се повредил на главата. Тој меѓутоа бил во свесна состојба и може да зборува.

Михаел Шумахер се скијал „надвор од препарираните патеки“, изјави Кристоф Жернињон Лекомт, директор на скијачката станица Мерибел за радиото Монте Карло. „Тој падна во 11.07 часот и според сопствени наводи удрил во карпа. Тој носел заштитна кацига“.

Неколку минути по несреќата, во 11.15 часот кај него биле спасувачките екипи и Шумахер со хеликоптер бил пренесен во болница.

Најверојатно повреда на главата

Седумкратниот шампион во Формула 1 имал повреда на главата, но се наоѓа во свесна состојба. „Тој беше шокиран, со мал потрес, но при свест. Можеби има потрес на мозокот, но не тежок“, изјави Жарнињон Лекомт.

Други медиуми меѓутоа објавуваат дека Шумахер претрпел тешки повреди на главата. Болницата, укажувајќи на приватната сфера на пациентот, не издаде никави информации за повредата на Шумахер.

Несреќата на скијање на француските Алпи се случи пет денови пред 45-от роденден на поранешниот шампион во Ф1, на 3. јануари. Во моментот на несреќата тој бил заедно со син му. Полицијата отвори истрага за несреќата.

Михаил Шумахер минатата година ја заврши својата втора кариера во Формула 1, овојпат во болидот на „Мерцедес“. Големите успеси Шумахер претходно ги славеше како пилот на „Ферари“ во Ф1.