1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шумахер се враќа

Сензација во Формула еден! Седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер се враќа на патеката. Неговите обожаватели се воодушевени.

default

Михаел Шумахер

Три години по крајот на неговата кариера, 40-годишниот Германец повторно ќе вози за неговиот последен тим „Ферари“ на трката за Големата награда на Шпанија. Шумахер, во Валенсија, ќе го менува зад воланот на еден од болидите на „Ферари“ повредениот Фелипе Маса.

Обожавателите воодушевени

Најдобриот возач во историјата на Формула 1, само пред три недели во интервју за телевизијата Дојче Веле,

Michael Schumacher waehrend seines Besuches der Messe Auto Mobil International

До пред само три недели исклучуваше камбек: Шумахер во „цивилка“

дефинитивно исклучи можен камбек:

„Си го најдов мојот мир и моето време, кое можам да го минувам правејќи многу пријатни работи. Оваа слобода, што ја имам сега, ми е многу поважна од се’ друго“, рече Шумахер.

Неговите обожаватели, меѓутоа, се многу задоволни дека оваа изјава на Шумахер е демантирана по само три недели:

„Сметам дека е супер што тој се враќа. Јас не сметав со тоа, но уверен сум дека онаков каков што е повторно ќе постигне успех.“

„Тоа повторно ќе ја подгрее Формула еден. Сметам и дека интересот за наредната трка ќе биде огромен, особено тука во Германија“.

Автор: СН/ГЧ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска