1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Шумахер и Мерцедес се вратија на голема врата

Михаел Шумахер денеска (25.01.2010) на голема врата се врати во Формула 1, откако во Штутгарт беа претставени новите бои на тимот на Мерцедес во пресрет на новата сезона. Планира освојување уште титули.

default

Во нови походи, Шумахер

41-годишниот рекордер по бројот на освоени титули се враќа полни три години по заминувањето во пензија со освоени 7 титули. Шумахер најави дека неговиот камбек, бездруго значи и оти планира уште титули.

„Оваа комбинација, Мерцедес, Рос и мојот ангажман ни остава само една цел, а тоа е освојување на светскиот шампионат. Тоа не значи дека мора да се случи во првата година. Сепак сме нов тим и ќе ни треба малку време“, рече Шумахер.

Flash Mercedes Formel 1 Teampräsentation

Во музејот на Мерцедес во Штутгарт денеска се испиша уште една страница од историјата на оваа компанија, откако беше претставен новиот модел. Моделот МГП 01 истовремено ќе биде и првата „сребрена стрела“ целосно под контрола на тим на Мерцедес на патеките во Формула 1, уште од далечната 1955 година. Првиот човек на компанијата Мерцедес Бенц, Дитер Цече не го криеше задоволството од, како што рече, формирањето на германскиот национален тим во Формула 1.

Во тимот кој ќе го предводи Рос Брон, покрај Шумахер ќе настапи уште еден домашен возач, Нико Розберг. Првата проба на новиот болид е закажана за 1 февруари на патеката во Валенсија, а првенството почнува на 14 март во Бахреин.

Автор: БГ/ЖА/ројтерс/дв