1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Шулц со писмо побара втор дуел, Меркел одби

Кандидатот на СПД за канцелар, Мартин Шулц, упатил писмо до канцеларката Ангела Меркел, во кое побарал уште еден ТВ-дуел пред изборите. Канцеларката одбива второ соочување.

ZDF Sendung Klartext, Herr Schulz (ZDF/J. Roehr)

Мартин Шулц во студиото на ЗДФ (12.09.2017)

Шефот на Социјалдемократската партија, Мартин Шулц, одговараше на прашања на гледачите на вториот канал на германската телевизија ЗДФ и на крајот рече дека во текот на ТВ-дуелот со шефицата на Христијанско-демократската унија, Ангела Меркел, не дискутирале за централни теми од предизборната кампања. „Затоа денеска ѝ напишав писмо на госпоѓа Меркел, во кое ја предизвикав на уште еден дуел со мене“, рече Шулц (СПД). 

Во писмото тој укажал дека во ТВ-дуелот од 3 септември не биле одговорени прашања на граѓаните околу дигитализацијата, иднината на работата, пензиите и образованието. Во текот на телевизиското соочување, според Шулц, биле зафатени многу малку теми и тоа го признала и канцеларката. Тој рече дека дели ист став со Меркел дека не биле зафатени „важни суштински прашања за нашата земја“. Според кандидатот на СПД за канцелар, на тоа со писма и телефонски повици се пожалиле многу граѓани. Затоа Шулц, како што нагласува, е во секое време подготвен за втор ТВ-дуел. Тој рече дека граѓаните „заслужуваат опширна дебата за централните прашања на иднината на нашата земја“.

Меркел останува на „не“

„На оваа тема е кажано сѐ. Ангела Меркел со драго срце учествуваше на ТВ-дуелот. Ваквиот формат се докажа. Таа останува на тоа“, соопшти претпладнево прес-службата на ЦДУ. 

Одржување втор ТВ-дуел и претходно важеше како опција која не е веројатна, со оглед на тоа што канцеларката веќе се изјасни против.

Deutschland TV Duell Merkel - Schulz (Reuters/WDR/H. Sachs)

Меркел досега одбива втор дуел со Шулц

Анкетите не ја прават СПД среќна

Предизвикувачот на канцеларката и неговата СПД во истражувањата на јавното мислење имаат рејтинг од 21 до 24 проценти и зад ЦДУ и ЦСУ заостануваат 16%. И ТВ-дуелот кој се одржа на 3 септември на социјалдемократите не им го донесе очекуваниот подем во анкетите. Напротив, според кусите анкети по телевизиското соочување испитаниците предност ѝ дадоа на Ангела Меркел.

 

DW.COM