1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Шулц: „ЕУ е смртно загрозена“

Кратко пред самитот на ЕУ претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц изрази загриженост околу состојбата на ЕУ. Исто така и претседателот на Франција Франсоа Оланд е скептичен, пред се’ во однос на буџетот на ЕУ.

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц ја гледа Европската унија во особено безнадежна ситуација. Со поглед кон речиси нерешивите проблеми, како заедничкото финансиско планирање по 2014 година, политичарот од СПД користи драстични зборови. Во интервју за весникот „Генерал анцајгер“ од Бон тој вели дека ЕУ е „смртно загрозена“.

Нема повеќе доверба

Причината за оваа „незадоволителна положба на ЕУ“ според Шулц е „двојното губење на доверба“ кое го претрпува Унијата. Тој укажува на еврокризата, во која Унијата ја губи довербата кај инвеститорите како успешна економска и монетарна зона. „Таа ја губи довербата и на граѓаните, како нивна потврдена заштита сила, и нејзината стабилност“.

Martin Schulz Präsident Europäisches Parlament Plenarsitzung Straßburg Frankreich

Мартин Шулц

Политичарот од редовите на германските социјалдемократи го кириткуваше неединството на владите, со што постојано се блокира Унијата. „Непостојаноста во еврокризата е неславен пример за немање водство, што развива катастрофално дејство на пазарите и кај граѓаните“. 

Шулц се осврна и кон британскиот премиер Дејвид Камерон. Тој со својата закана за одржување референдум, дали Велика Британија да остане во ЕУ, само „стави сол на отворена рана“. Истовремено Шулц предупреди на британското гледиште на ЕУ. Земјите-членки ќе станат „топка на економските и политичките интереси на другите региони во светот“ и „ќе потонат во беззначајност“.

Оланд не ги гледа исполнети условите

Скептични тонови доаѓаат и од францускиот претседател Франсоа Оланд. Три дена пред самитот на шефовите на држави или влади за буџетот на ЕУ тој се’уште не гледа ниво за постигнување спогодба за финансиите во наредните години.

Преговорите биле многу тешки, бидејќи од негов агол сфаќањето за Европа би морало да се базира повеќе на солидарност и пораст, отколку на националните интереси, изјави претседателот по средбата со италијанскиот премиер во оставка Марио Монти во Париз. Монти се изјасни за финансирање, кое ќе биде во согласност со економската ситуација во секоја земја поединечно. Италија, укажувајќи на драматичното задолжување, бара растоварување за идните ЕУ придонеси.

Во четврток започнува самитот на ЕУ на кој треба да се утврди финансиската рамка од 2014 до 2020 година. Првиот самит на 27-те земји членки за решавање на финансискиот спор, кој се одржа во ноември мината година, пропадна.