1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Штутгарт против Нирнберг во финалето на Купот

На 26-ти мај во Берлин Штутгарт ќе се обиде да го повтори успехот од пред 10 години кога предводен од сегашниот селектор на репрезентацијата Јоахим Лев како тренер како успеа да го освои Германскиот фудбалски куп. Синоќа пред 29 илјади гледачи на исполнетиот стадион во Волфсбург, Штутгарт го совлада домаќинот со 1 спрема 0. Голот од слободен удар го посатигна Бразилецот да Силва во 16-тата минута. Од таборот на Волфсбург, кој доживеа по 4-ти пат во Купот да биде елиминиран од Штутгарт, се жалат на грешката на главниот и еден од помошниците-судии, кои погрешно проценија дека Марселињо од офсајд во 52-та минута ја затресе мрежата на гостите. Тоа, всушност, требаше да биде изедначување.