1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Штутгарт не успеа во лигата на шампионите

Екипата на Штутгарт не успеа да се пласира за натамошните натпревари во лигата на шампионите по синиќешните 0 спрема 0 нагости во Лондон против домашниот Челзи.
Благодарение на победата во првиот натпревар во Штутгарт од 1 спрема 0, фудбалерите на Челзи се пласираа во четвртфиналето на лигата на европските шампиони. Иако немаше голови, натпреварот беше мошне интересен. За цело време се водеше рамноправна борба со доста шанси на обете страни. По средбата тренерот на Чези, Клаудио Раниери оцени дека неговата екипа заслужено оди натаму, додека неговиот колега Феликс Магат изјави дека е штета што неговата екипа е елиминирана, "Премногу компликувавме пред голот на Челзи и тоа ни се одмазди", изјави Магат. За натамошните напревари се пласираа и фудбалерите на Депортиво ла Коруња кои синоќа беа подобри и во реванш мечот против Јувентус. Извјуваа симтерична победа на првата - повторно 1 спрема 0. Фудбалерите на францускиот Лион го остварија најголемиот успех во историјата, пласирајќи се во четвртфиналето. Тие синоќа на домашен терен ја совладаа шпанската екипа Реал Сосиедад со 1 спрема 0, подеднакво како и во првиот натрпевар. За четвртфиналето се пласираше и португалскиот тим Порто со победата против Манчестер Јунајтед исто така со 1 спрема 0. Вечер се играат преостанатите 4 натпревари меѓу кои најинтересен секако е оној меѓу Реал Мадрид и Баерн од Минхен. Првиот натпревар заврши нерешено 1 спрема 1.