1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Штулов универзитет- 10 години во служба на меѓуетничкото разбирање

Одбележувањето на 22 ноември - Денот на албанската абука се совпаѓа со 10 годишнината од основањето на Штуловиот универзитет во Тетово, кој успешно го промовира јазикот на албанскиот етникум во Македонија.

default

Бистата на Макс ван дер Штул пред ректоратот на универзитетот за Југоисточна Европа во Тетово

Согласно со тогашниот закон за основање универзитети со недржавно финансирање, во март 2001 почна изградбата на Универзитетот за Југоисточна Европа, а од 20 ноември таа година профукционира со околу 900 запишани студенти. Сега има околу 8.000 студенти. Во изминатите десет години дипломирале повеќе од 5 илјади студенти.

„Сега имаме 400 наставници и административно – технички персонал. Во наставниот процес на петте факултети со 17 додипломски и 19 постдипломски студии ангажирани се 100 доктори на науки и магистри. Покрај универзитетскиот кампус во Тетово, чија вредност заедно со материјалната опрема изнесува повеќе од 30 милиони долари, од 2008 година имаме објект и дисперзирани студиски програми во Скопје“ , изнесува Замир Дика, ректорот на универзитетот, кој од поодамна популарно се нарекува и „Штулов универзитет“, во чест на поранешниот и сега починат висок комесар за национални малцинства на ОБСЕ Макс Ван дер Штул.

Mitglieder des Rektorats der Universität Max van der Stoel

Членовите на ректоратот на Штуловиот универзитет во Тетово

Спомен – биста на Макс ван дер Штул

Во турбулентната 2001 година тој ја покрена иницијативата да се втемели овој универзитет во функција не само на високото образование и промоција на јазикот на албанската етничката заедница во Македонија, туку и едновремено заради градење на меѓуетничкото разбирање и толеранцијата во земјата. Раководството на универзитетот изминатиот викенд пред зградата на ректоратот во кампусот во Тетово му откри спомен – биста на Макс ван дер Штул, во знак на почит кон неговата личност и вложениот придонес. Во тек е и годинава покрената иницијатива универзитетот и формално да се преименува како „Штулов универзитет“. „Во изминативе десет години овој универзитет, отворен за младите студенти од сите етникуми во Македонија, ги подобри меѓуетничките односи во неа, промовираше меѓуетничка хармонија и придонесуваше кон мирот и стабилноста во државата“, нагласува д-р Денис Фарингтон, претседателот на Меѓународниот совет на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Universität Stul in Mazedonien

Универзитетот редовно оддржува тркалезни маси на бројни теми од клучна важност за меѓуетничкиот соживот

„Универзитет од третата генерација“

Како прва јавно – приватна високообразовна установа во Македонија со доминантна настава на албански јазик унивирзитетот пред неколку дена го доби високото одликување „Орден за заслуги за Република Македонија“ од претседателот Ѓорѓе Иванов, поради „силната промоција на толеранцијата, почитувањето на повеќејазичноста и значајното придонесување кон напредокот на научната мисла и меѓуетничкото разбирање“, како што истакна Иванов.

Министерот за образование Панче Кралев најавува: „Владата и ресорното министерство имаат намера да ја поддржат работата на Универзитетот на Југоисточна Европа и да ја зајакнаат соработката со него преку заеднички цели и проекти.“

Ректорот Замир Дика посочува дека сега стремежот ќе биде оваа високошколска институција да прерасне во „универзитет од третата енерација“, односно, со целосна поврзаност кон целите на претпримеништвото, потребите на стопанството и на пазарот на трудот во земјата.

Проректорот за академски развој Пол Фостер дополнува: „Во декември оваа година на Одборот за акредитација ќе му предложиме нови 15 наставни програми за постдипломските стуидии и 13 – 14 студиски програми за додипломските студии“.

Автор: Свето Тоевски

Редактор: Симе Недевски