1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Штрук: "На Балканот ќе останеме уште некоја година”

Ангажманот на германските војници на Косово, според убедувањето на министерот за одбрана, Петер Штрук, нема бргу да заврши. На Балканот ќе мора да останеме уште некоја година, изјави денеска Штрук во Берлин.

Петер Штрук

Петер Штрук

Етничките безредија во март годинава беа тежок удар и покажаа дека мисијата е неопходна се додека не бидат изградени цврсти безбедносни структури, вели министерот за одбрана Петер Штрук, Тој сепак смета дека натамошно проширување на германскиот контингент во рамките на КФОР не е неопходно. Нашиот персонал е доволен, вели Штрук. Германија во моментов на Косово има стационирано 3 900 војници.

Околу продолжувањето на ангажманот на војниците на Бундесверот во покраината, во четврток решение треба да донесе парламентот. Заменикот шеф на фракцијата на коалиционите зелени, Кристијан Штребеле, веќе најави дека за да даде согласност со продолжението на мандатот на војниците, потребни му се одговори на неколку прашања. Владата мора да даде изјава околу целта на мисијата и нејзината должина. Пет години по почетокот на мандатот на КФОР на Косово и со оглед на судирите меѓу етничките групи во март годинава, тоа е неопходно, смета Штребеле, додавајќи: ”Ако тоа го бараме од Американците во Ирак, тогаш Германија мора да даде добар пример во својот дел на работите”. Вицепретседателот на фракцијата на зелените бара и безбедносни гаранции за сите етнички групи во покраината, од кои според негово мислење најмногу загрозени се Ромите.