1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Штрук:во догледно време, без германски војници во Ирак

Генералниот секретар на НАТО Јап де хоп Шефер на почетокот на дводневниот неформален самит во Појана во Романија ги повика министрите за одбрана од Алијансата на посилен ангажман во странските мисии.Американците на маргините пледираат за сраснување на ИСАФ со операцијата Ендјуринг Фридам, во борба против терористите.Германскиот министер за одбрана Петер Штрук тоа целосно го исклучува

default

Пораката со која генералниот секретар Шефер ја започна средбата во романскиот скијачки центар Појана Брасов е:

"Мораме да направиме повеќе за да да ги одржиме своите политички ветувања и со тоа преземената одговорност на теренот. Владите на земјите членки мора да се потрудат дополнително за да го придобијат јавното мислење за ангажманот на НАТО",изјави Шефер.

Инаку,на дневниот ред на неформалната средба на Алијансата се главно ангажманите на НАТО во Авганистан и Ирак,како и трансформацијата на Алијансата.

САД сакаат одговорноста за потерата по Ал Каеда и талибанските борци во Авганистан да ја префрлат врз НАТО.Тие предлагаат меѓународните трупи за стабилизација ИСАФ,да се спојат со американските 18 илјади војници ,како што изјавил американскиот НАТО амбасадор Николас Барнс синоќа пред почетокот на средбата.Тоа би можело да биде според него во 2005 или во 2006 година,зависно од развојот на настаните.

Германскиот министер за одбрана Петер Штрук овој план стриктно го одбива.Спојување на мисијата противречи на мандатот на Бундесверот,изјави тој за Дојче Веле:

"Германската влада се гледа пред се преку ангажманот со мандат за заштита и помош,наречен ИСАФ,а не во борбата против меѓународниот тероризам.Поради тоа ние сме против изедначување на овие два мандати.Не верувам дека германската влада ќе биде подготвена овие 2 500 војници кои сега ги имаме во Авганистан,да бидат ангажирани во борбата против тероризмот,туку напротив,ќе остане на тоа тие да бидат на располагање во обновата на земјата",изјави Штрук.

Германскиот министер за одбрана пак ја разбранува јавноста со изјавата дека на долги патеки и во една поинаква политички земја не е исклучен ангажман на Бундесверот во Ирак:

"Замисливи се времиња,по години можеби,во кои Германија ќе се ангажира."

Притоа Штрук не наведе подетални услови,додавајќи дека во сонова ставот на германската влада за воен ангажман во Ирак останува непроменет:

"Јасно кажав дека тоа во догледно време не доаѓа воопшто во прашање."

Штрук ги исклучува и нагаѓањата за евентуалните нови конфронтирања кои би ги предизвикала изборната победа на Демократот Џон Кери на претседателските избори во САД и неговите идни барања кон сојузниците од НАТО.Германскиот министер за одбрана во таков случај не очекува конкретни барања од Германија.

Во однос на Ирак,останува засега на договореното,Германија ќе учествува во обуката на ирачките сили во рамките на ангажманот на НАТО,и тоа не во Ирак,туку во Обединетите арапски емирати.Целата операција инаку нема добиено конечен профил,освен дека 300 припадници на НАТО ќе учествуваат во обуката и ќе бидат сместени во центар во Багдад кој ќе го обезбедуваат војници од Алијансата.