1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Штрајк на најголемите германски аеродроми

Предупредувачките штрајкови во германскиот јавен сектор денеска го зафаќаат и воздушниот сообраќај. Штрајкува аеродромскиот персонал на аеродромите Келн-Бон, Франкфурт, Минхен, Диселдорф и Штутгарт.

Синдикатот Верди денеска ги повика на прекин на работата вработените во аеродромските служби во најголемите аеродроми во земјата. Уште на полноќ започна штрајк на аеродромот Келн-Бон, а во текот на денот кон прекините на работата се придружува аеродромскиот персонал и на аеродромите во Франкфурт на Мајна, Минхен, Диселдорф и Штутгарт. Синдикатот бара зголемување на платите од 6,5 проценти.

Штрајкот ќе предизвика сериозно нарушување на воздушниот сообраќај во Германија, соопштија двете главни германски авиокомпании.

„Луфтханза“ објави дека откажува над 400 летови. Поголем дел од нив од внатрешниот сообраќај и патниците се повикани да ги заменат авионските билети со билети за возови.

„Ер Берлин“ објави дека ќе откаже само осум лета, но ги замоли патниците да ја следат нејзината интернет страница.

„Нашата цел не е експлицитно да се затвори целиот систем на воздушниот транспорт“, изјави Вили Рус, портпарол на синдикалните преговарачи.

Тој нагласи дека целта на синдикатот Верди е да се гарантира постигнување на резултати пред тарифните преговори закажани за среда и четврток.