1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штрајк на машиновозачите во Хамбург и Берлин

*

Штрајкот на машиновозачите во Хамбург и Берлин утрово силно го попречија сообраќајот во делови од метрото во двата града. Патниците за превоз можеа да ја користатат подземната железница и автобусите. Многумина корисници на јавниот превоз изразија разбирање за штрајкот. Шефот на синдикатот на машиновозачите Манфред Шел уште еднаш изрази подготвеност со помош на посредник да се реши тарифниот конфликт со Германски железници. Вчера судиите забранија оддржување на штрајк во цела Германија за време на одморите. Синдикатот на машиновозачите бара сопствен тарифен договор и почување на платите за 31 процент.