Штрајк на машиновозачите во Германија и Франција | Вести | DW | 14.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штрајк на машиновозачите во Германија и Франција

*

Синдикатот на машинвозачите ГДЛ масовоно го зголемува притисокот врз Германски железници. Од денеска почнува штрајкот во товарниот шински сообраќај, а од утре доплнително ќе штрајкуваат и машиновозачите во регионалниот и сообраќајот на долги релации. Германски железници повторно го одбија барањето на синдикатот ГДЛ, за единствен тарифен договор. – Во Франција исто така е сопрен железничкиот сообраќај поради штрајк на вработените. Железничарите протестираат против планираната пензиска реформа од страна на претседателот Никола Саркози. Фрнацуските машиновозачи во моментов можат да одат во пензија со 50 години.