1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Штрајк на контролорите на летање во Франција

Поради штрајк на контролорите на летање во Франција, денеска се откажани голем број летови на двата аеродроми во главниот град Париз. Штрајкот треба да трае до утре (22.07.10).

default

Контролорите на летање штрајкуваат поради страв од укинување работни места

Компанијата за евтини летови „Изи џет“, е првата која ги почувствува последиците од штрајкот на контролорите на летови во Франција. Уште синоќа беа откажани повеќе десетици летови од и кон аеродромот Орли. Аеродромот јужно од Париз, според најавите, ќе биде најсилно погоден

Air France: Flugzeug

„Ер Франс“ се обидува да ги реализира сите летови на долги релации

од штрајкот. Оттаму до утре изутрина ќе полетува и ќе слетува секој втор авион. На најголемиот париски аеродром Шарл де Гол погоден е секој петти авион, во Ница секој десетти. „Ер Франс“ се обидува да ги реализира сите летови на долги релации.

Нормализација се очекува утревечер

Контролорите на летови протестираат против планираното спојување на европските власти за безбедност во воздушниот простор, во единствен европски воздушен простор. Тие стравуваат дека ќе бидат укинати дел од нивните 4.000 работни места и очекуваат намалување на платите, како и прилагодување на времињата за работа со оние на другите европски контролори на летови. Штрајкот ќе трае до утре изутрина, а воздушниот сообраќај во Франција се очекува да се нормализира утревечер.

Автор: Јоханес Духо/ дпа/ Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска