1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Штрајк на контролорите на летање во Германија

На десетина германски аеродроми денеска ненадејно започна штрајк на аеродромското обезбедување. Синдикатот Верди врши притисок за спроведување на своите барања во преговорите за тарифните договори.

Синдикатот Верди организира штрајк и ги повика вработените во обезбедувањето на десетина аеродроми, меѓу кои во Франкфурт, Берлин, Келн / Бон, Хамбург и Диселдорф од раните утрински часови до пладне да се вклучат на предупредувачкиот штрајк.

Верди бара продолжување на договорите за работа и намалување на работните смени за службениците на аеродромите, се наведува во соопштението.

Германската национална авиокомпанија „Луфтханза“ денеска откажа 90 летови поради штрајк на аеродромското обезбедување.

Штрајкот дополнително ја влошува и без тоа тешката ситуација, бидејќи од изутринава се откажани повеќе од четвртина од летовите од аеродромот во Франкфурт поради снежни врнежи, додека „Луфтханза“ откажа најмалку 258 летови.

Верди во областа на аеродромското обезбедување застапува околу 15 илјади вработени низ цела Германија. Во преговорите синдикатот бара регулирани работни планови, неограничени работни договори и праведни плати.

„Колегите имаат право на планирање на работата, семејството и слободното време, што без регулирани работни и сменски планови и работа во смени не е можно“, критикува раководителот на Верди во преговорите, Андреас Зандер.