1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штрајк на железницата од четврток

*

Во тарифниот конфликт раководството на Германски железници и синдикатот на машиновозачите ја исклучија можнота за компромис во последна минута. Маргарет Сукале од раководството на германски железници нагласи дека дефинитивно нема да има посебен тарифен договор каков што бара синдикатот на машиновозачите, и затоа нема да биде исполнет ултиматумот до вечерва да понуди подобрена понуда. Шефот на синдикатот Манфред Шел од своја страна потврди дека неможе да се прават отстапки за предложениот тарифен договор, сепак со раководството на коцернот би можело да се разговара околу барањето за покачување на плата од 31 процент. Штрајкот на машиновозачите ќе почне во четврток со транспортниот железнички сообраќај.