1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штрајк на железницата во Германија и Франција

*

Поради штрајк на машиновизачите, во Германија повторно застанаа возовите во регионалниот и ноќниот сообраќај. Ниту по повеќе недели преговори се уште нема договор меѓу синдикатот на машиновозачите и Германски железници за новиот тарифен договор. Штрајк во железницата има и во Франција. Во Париз возовите, но и автобусите останаа во гаражите. Истовремено штрајкуваат и вработени во француската пошта и во една од најголемите енерегетски компании. Причина се плановите на владата за скратување на досегашните пензиски привилегии, меѓу кои е и право на пензија веќе од 50 години.