1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Штрајк ги парализираше германските аеродроми

Штрајкот на вработените во обезбедувањето предизвика голем застој на аеродромите во Диселдорф и Хамбург. Откажани се речиси половината од домашните и европските летови.

До денеска напладне на аеродромот во Диселдорф откажани се околу 200 летови, од вкупно 500 предвидени. И на аеродромот во Хамбург, повеќе од половината од планираните заминувања биле откажани.

Синдикатот повика на штрајк на вработените во безбедносните служби кои се задолжени за контрола на патниците и рачниот багаж, откако не беше постигнат договор за зголемување на платите со менаџментот. Штрајот ќе трае најмалку до вечерва на полноќ.

„Денеска очекуваме понуда од работодавачите која треба да покаже дека се подготвени за преговори... Доколку не добиеме адекватна понуда, штрајкот ќе продолжи“, изјави портпаролот на синдикатот Верди Гинтер Измејер.

Претставник на здружението кое ги претставува авионските компании изјави дека штрајкот е неоправдан.

„Целосно е неоправдано тоа што мала група работници го нарушува функционирањето на транспортниот и економскиот систем“, изјави портпаролот Штефан Лауер.