1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штрајк во германски железници

*

Неколку часови по почетокот на штрајкот на машиновозачите во германските железници се јавија првите пречки во сообраќајот. Во некои региони се откажани повеќе од половината регионални линии, изјави утрово портпарол на железницата. Во штрајкот учествуваат 1700 машиновозачи. Засега нема информации за прекин на брзите возови. Синдикатот и раководството на железниците не можат да се согласат околу измената на тарифните договори на вработените. Машиновозачите бараат 30% зголемување на платите. Последната понуда на железницата, која за понеделник најави нов предлог, изнесуваше 4,5%.