1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Штрајкува дел од образованието во Македонија

*

Дел од основните и средни училишта во Македонија денеска стапија во штрајк. Претседателот на синдикатот за наука и образование, Дојчин Цветановски изјави дека штрајкуваат наставниците во основното образование кои не ја примиле октомвриската плата. Министерот за образование Сулејман Рушити вчера изјави дека биле префрлени средства за плати до сите општини. Доцнењето на платите според него не е одговорност на министерствата за образование и финансии туку на општините. Од синдикатот предупредија дека доколку плчатите не бидат исплатени до утре, штрајкот ќе продолжи.