1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Штрајкуваат италијанските државни службеници

Државните службеници во Италија за денеска најавија општ штрајк поради планираните кратења во јавната администрација.

Владата на италијанскиот премиер Марио Монти до 2014. година планира да заштеди околу 26 милијарди евра во јавните служби, за да ги намали државните долгови. Планираните мерки за штедење треба да резултираат помала и поефикасна администрација. Бројот вработени во јавниот сектор треба да биде намален за 10 проценти, на раководно ниво дури и за 20 насто.

Синдикатите ги критикуваат владините мерки и најавуваат „жешка есен“. Во Рим се најавени демонстрации со повеќе илјади луѓе.

Високозадолжената земја инаку вчера успеа да обезбеди околу шест милијарди свеж капитал на финансиските пазари под малку поповолни услови отколку кон крајот на август. Каматите на државните обврзници на пет години намалија од 4,73 на 4,09 проценти, а на десет години од 5,82 на 5,24 проценти.