1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Штрајкови во германските покраини

Поради предупредувачкиот штрајк во јавниот сектор, утрово (07.03) не сообраќаат автобусите и трамваите во покраините Северна Рајна Вестфалија и Баден Виртемберг.

Освен вработените во сообраќајните претпријатија, штрајкуваат и вработените во детските градинки, институциите и базените. Денеска не работат ниту комуналните служби. Во многу болници во служба е само итната помош.

Цела недела наизменично се штрајкува во различни германски покраини.

Warnstreiks in NRW

Автобусите и трамваите останаа во гаражите

Причина за штрајковите се барањата на синдикатите за поголеми плати за околу два милиона вработени во Германија.

Имено, синдикатот бара при тарифните преговори да се утвди зголемување на примањата на вработените за 6,5 проценти. Како социјална компонента покачувањето треба да изнесува најмалку 200 евра месечно. Работодавачите ги одбија ваквите барања, без притоа да дадат свој предлог.

Наредната преговарачка рунда е закажана за 12 и 13 март.

Автор: АТ/ АМ/ дв/ дапд

Редактор: Е. М. Фиданоска