1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што ќе му остане на Лондон по Олимпијадата?

Откако беше избран за домаќин на Олимпијадата, во Лондон се водат расправи за големите трошоци за спортската приредба. Градителите се фалат со олимписки парк од 200 хектари, а организаторите со „најеколошки“ игри досега!

„Се’ повеќе слушаме за количествата државни пари кои ќе се потрошат на ова петнеделна ’теревенка’, и бидејќи тука живеам откако сум роден и планирам тука и да останам, би сакал да имам чувство дека локалното население ќе има и некаква полза од толку пари, инвестиции, енергија и креативност“, вели жителот на источен Лондон, Џин Робинс.

Но Робинс е разочаран. Тој стравува дека ниту сумата од над 11 милијарди евра, колку што чини организацијата на Олимпијадата, нема да донесе вистинска обнова на источен Лондон.

Властите тврдат дека тие пари се потрошени на вистински начин, на изградба на нови олимписки објекти и на реновирање на постоечките. Некои од новите згради ќе останат во употреба долго по завршувањето на ова лето, што значи дека овие Игри се „најодржливи“ на сите времиња, вели Иан Коркфорд, раководител на проектот Јужен Олимписки парк.

„Во суштина ние обновивме цел еден дел од Лондон, ја исчистивме земјата и сторивме многу за инфраструктурата - струја, канализација и сето тоа - и сега имаме фантастичен нов парк во Лондон. Притоа ги проектиравме сите објекти така што оние клучните меѓу нив, за кои знаеме дека ќе работат и во иднина, ќе продолжат да постојат. Сето останато, за кое немаше бизнис-модел и што не беше финансиски одржливо, тоа е само привремено“, вели Коркфорд.

Меѓу проектите кои се планираат и за во иднина секако е Олимпискиот стадион, кој ќе има голем број намени, од спортски, па се’ до културни.

Проблемите со транспортот само привремени

Меѓутоа, активистот Џин Робинс вели дека дел од парите треба да се насочат и кон локалното население, меѓу кое се и повеќе од 80 илјади луѓе на кои им е потребно сместување, и тоа само во делот од градот каде ќе се одржуваат

Olympia 2012 Olympischer Park

Новиот Олимписки парк

Игрите.

„И покрај огромните суми пари кои се трошат, само дел од новото сместување кое се гради ќе му биде достапен на локалното население по нормални цени, и тоа е само еден конкретен пример за јазот меѓу она што го кажува ПР-секторот на Олимпијадата и проблемите со кои ќе се соочат луѓето следните години“, вели Робинс.

Бројни се критиките и поради пречките врз транспортниот систем за време на Игрите.

„Многу пари се вложени во транспортната инфраструктура. Можеби ќе има одредени предизвици за време на Олимпијадата, но бараме од граѓаните на Лондон да не‘ поддржат и да помогнат Игрите да минат во најдобар ред. А долгорочната полза за транспортниот систем во Лондон, ќе трае уште многу години“, вели Џонатан Едвардс, првиот човек на Олимпискиот комитет.

Со оглед дека Олимпијадата е пред вратите, подготовките се пред финалето. А кога Игрите ќе завршат, и натаму ќе трае спорот околу тоа што останува за Лондон и кој ќе профитира од тоа?