1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Што ќе му каже Груевски на Барозо?

Ретки и дискретни се реакциите во Европската унија по средбата на премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу, минатиот петок во грчкиот дел на Преспа. Груевски вечерва пристигнува во Брисел.

default

Никола Груевски во Брисел пристигнува вечерва

Европските дипломати и функционери не се уверени дека оваа средба вроди со плод, иако срдечно ја поздравуваат иницијативата за директни контакти меѓу двете страни.

Желбата на Европската унија беше Груевски и Папандреу да постигнат барем начелно решение за спорот со името за да може да се деблокира евроинтегративниот процес за Македонија. Наместо тоа, двете страни се чини ги повторија истите стари позиции, но не успеаја да ги приближат.

Оли Рен кој вчера одржуваше прес конференција со српскиот претседател Борис Тадиќ, се осврна и на минатонеделната средба, но без голем ентузијазам.

„Беше многу позитивно што средбата се случи, беше многу важно да се подобрат билатералните односи меѓу двете држави. Ова е прашање кое е во процес на решавање и верувам дека двајцата премиери ќе остварат напредок. Кога ќе има доволен напредок за да се отворат преговорите со Скопје, јас не сум во можност да проценам, но важна е насоката. Важно е што се движиме во таа насока на отворање претпристапни преговори со ПЈРМ.“

Времето притиска

Се‘ помали се шансите претстојниот министерски состанок на ЕУ на седми декември да одреди датум за почеток на претпристапните преговори. Дипломати во

Treffen in Griechenland

Реакциите во Еу по средбата Груевски-Папандреу се ретки

Брисел коментираат дека можеби ова е само трик пред јавноста, пред да се постигне крајно и трајно решение. Но, велат, ова останува шпекулација.

Времето ќе покаже дали во моментов зад кулисите се готви решение за деценискиот спор со Грција, кој е и главниот услов за добивање датум за преговори.

Од своја страна, српскиот претседател Тадиќ, неколку денови по недоразбирањата на релација Скопје-Белград, го повтори ставот на неговата држава по ова прашање: „Позицијата на Србија е кристално јасна, го признавме името на Македонија официјално пред повеќе од десет години и ова не е променлива позиција за Србија.“

Токму една од спорните точки во преговорите со Грција е пристапот кон државите што веќе ја признале Македонија под нејзиното уставно име.

Според информациите лиферувани во јавноста, спорни остануваат прашањата за опсегот на употреба на новото име, но и прашањето за идентитетот, за кое вчера во интервју за ТВ Канал5, премиерот Груевски повтори дека грчката страна и натаму го оспорува.

Кои се македонските пораки?

Своите нови погледи врз односите со Атина, Груевски ќе има прилика да му ги образложи на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Барозо во среда, во Брисел. Македонскиот премиер ќе пристигне во Брисел вечерва, со бројна делегација. Тие утре ќе се сретнат со Барозо и со Оли Рен, но неизвесно е кои се македонските пораки.

Mazedonien EU Fahnen

Дали македонската влада повторно доаѓа да притиска за добивање датум за преговори, со образложение дека само проевропската еуфорија ќе може да биде поттик за решавање на името, што беше македонскиот аргумент за добивање препорака во октомври, како што информираат во Брисел или Груевски доаѓа со многу поконкретни ветувања за решавање на спорот за името, ќе се знае во среда доцна попладне.

Со или без Лисабон, правилото за приклучување останува исто

Европската Унија од денеска отвора нова страница во својата историја. Денеска на сила стапува Лисабонскиот договор, новиот европски устав. Унијата почнува да функционира со поедноставни правила и појасни насоки. Со новиот договор се подобрува политичкото расположение за проширувањето кон Западниот Балкан и се олеснува интеграцијата на регионот во европското семејство.

Но, иако работите стануваат поедноставни во низа области, златното правило на консензус за почеток на преговори и прием на нови членки останува исто. Со или без Лисабон, Атина и натаму ќе има право да каже не.

Автор: Тања Милевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

DW.COM