1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Што ќе значи отворената врата на ЕУ за македонската економија?

Дојче Веле ги праша претставниците на евроинтегративниот процес и економските аналитичари,речиси сите се оптимисти-од Брисел ќе дојде позитивен одговор.

default

Какви се економските ефекти што ќе ги донесе 9 ноември,историскиот датум кога Македонија ќе го слушне мислењето на Европа за нејзините перспективи?Што ќе се смени во економијата ако мислењето биде позитивно ,а какви ќе бидат последиците ако се оствари негативното сценарио.Дојче Веле ги праша претставниците на евроинтегративниот процес и економските аналитичари.Заеднички за сите е оптимизмот,речиси никој не очекува негативен одговор од Брисел.Можно е Европа да има еден куп забелешки и да го одложи доделувањето на статусот кандидат за членство,што е најнепосакуваната варијанта.И во двата

случаи,9 ноември ќе иницира промени во македонската економија:

„Јас сметам дека Македонија ќе добие позитивно мислење но со многу услови.Тие услови еден по еден, паралелно треба да ги исполнуваме во годините што доаѓаат,вели Јанко Тренковски,бизнисмен и економски аналитичар.

Драган Тилев од владиниот сектор за евроинтеграции објаснува:

„Очекуваме дека тоа мислење ќе биде позитивно,односно со сите забелешки кои може да ги добиеме и се предвидливи,ќе му препорача на Советот во декември нашата кандидатура да биде ставена на дневен ред,односно Македонија да се стекне со статус на земја кандидат.Стекнувањето со таков статус практично значи почеток на последната фаза,статусот на кандидат,отворање на преговори.“

Економските придобивки што на Македонија ќе и ги донесе евентуалното позитивно мислење и статусот кандидат за членство се повеќекратни.Прво и можеби и најзначајно е подобрувањето ан имиџот на земјата пред странските инвеститори.Кандидатскиот статус ќе значи дека Македонија сигурно чекори кон Европа,многу важна порака за странскиот капитал:

„Од аспект на бизнис клима и економија очекувам 2006 да биде многу подобра.Очекувам дури и над 4 проценти бруто домашен пораст на годишно ниво.Во тоа сценарио психолошкиот ефект изразен преку оптимизмот и вербата во економијата ќе се почувствуваат акко параметри,но тоа ќе биде највлијателно врз домашните потрошувачи и инвеститори,вели Тренковски и додава:

„Ќе ја споменам Бугарија како пример.Таму буквално сите авиони се полни со странски државјани,како инвеститори,така и туристи.Корупција има,исто и криминал,но тоа не пречи инвестициите да доаѓаат на голема врата.Сметам дека исто ќе се случи и во Македонија.“

Достапноста до европските фондови е втората можна придобивка или штета за Македонија,во зависност од одговорот на ЕУ.Сумата што сега Макеодниај ја добива од Унијата во наредните четири до пет години тројно ќе се зголеми ако еврокомесарот Оли Рен донесе добри вести во Скопје.

„Со текот на подобрувањето на институционалните капацитети и апсорпционата моќ на Република Македонија ќе се зголемуваат практично и средствата кои ги добиваме.Само за илустрација на пример во моментов добиваме пакет од околу 40 милиони евра на годишно ниво,тој пакет очекуваме доколку сите услови од наша страна бидат пресретнати,дека постепено ќе се зголемува и ќе го достигне нивото од 140 до 150 милиони некаде до 2010 година,“ објаснува Тилев од секторот за евроинтеграции.

Негативноот сценарио дополнително ќе ја изолира Македонија и ќе ја оддалечи од странските инвеститори,ќе мора самата,без засилена европска поддршка,конечно да заврши со транзицијата и да запне со реформите.

Горан Петрески