1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Што ќе биде со владата?

Премиерот Никола Груевски не излегува со оценка за најновата ситуација откако синоќа Централното собрание на ДПА ја потврди одлуката за излегување од владината коалиција по 20 месеци соработка со ВМРО ДПМНЕ

default

Премиерот треба да каже што планира, бараат партиите

Премиерот Никола Груевски сеуште не дава информации кои нестрпливо ги чекаат голем број новинари, што ќе биде со владата?

Од денеска владата ја нема поддршката на 11-те пратеници на ДПА и од лидерот на ПДП Абдулади Вејсели, со што практично и нема парламентарно мнозинство.

Груевски во ваква ситација се врати од Брисел каде се сретнал со грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани, која имала цврст и непопустлив став во однос на името. За тоа Груевски разговарал со македонскиот преговарач Никола Димитров и со министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, но не и со претседателот Црвенковски.

Тој пак вчера за првпат отворено проговори за можна компромисна референца и додавка на уставното име.

Груевски попладнево имаше средба со политичките лидери од коалицијата на ВМРО ДПМНЕ, Андов, Иванов, Трајанов и Поповски..

Претседателот иницира лидерска средба

Претседателот Бранко Црвенковски со премиерот Груевски ќе разговара за владината криза, а иницира и лидерска средба за надминување на владината и политичката криза.

Црвенковски изјави дека идеите како предвремени избори или формирање широка коалиција нема да го решат проблемот, туку ќе го усложнат.

Експертите пак сугерираат во оваа криза премиерот Груевски да не го враќа мандатот, туку да ја води владата како малцинска до самитот на НАТО со поддршка и од опозицијата во надминување на разликите со Грција во преговорите околу името.