1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што ќе беше ако случајот Менинг беше во Германија?

На американскиот војник Бредли Менинг му се заканува повеќедецениска затворска казна. Да беше неговиот случај во Германија, тој ќе се одвиваше поинаку. Но, и таму немаше да мине без казна.

Насекаде низ светот се следи процесот против американскиот војник Бредли Менинг. Тој дозволил пристап на интернет платформата Викиликс до околу 700.000 тајни американски документи и затоа мораше да одговара пред воен суд во Форт Мејд. Пред почетокот на процесот медиумите шпекулираа дека 25-годишникот ќе биде осуден на смртна казна. Сега по прогласувањето виновен, нему му се заканува долгогодишна затворска казна. Како случајот Менинг би бил третиран во Германија?

Две постапки за вониците на Бундесвер

„Во Германија војникот според членот 14 од Законот за војската е обврзан на тајност“, вели Ханс-Јоахим Анерт, адвокат специјализиран за воено и дисциплинско законодавство. Во тој случај најстрогата казна би била отстранување од службата, додава експертот во разговорот за Дојче веле. „Во тој случај ќе му бидат одземени пензијата и чинот“, нагласува Анерт. Во вакви случаи се одговара пред специјален административен суд.

Освен тоа, Анерт објаснува дека Бундесверот предал многу случаи на јавното обвинителство. Така најчесто за војниците не се покренуваат само дисциплински постапки пред административен суд, туку исто така и постапки пред цивилен суд, кој може да пресуди и затворска казна.

Веројатна пресуда за велепредавство

Hendrik Zörner Pressesprecher Deutscher Journalisten-Verband

Хендрик Цернер вели дека информациите во Германија уживаат заштита

Ако Менинг беше германски војник, тој и во Германија ќе беше остро казнет, смета Николаос Газеас, експерт за кривично право на Универзитетот во Келн.

„Случајот Менинг би можел правно да биде оценет како многу тежок случај на велепредавство. Тоа би можело да доведе исто така до доживотна затворска казна“, изјави Газеас за Дојче веле.

Но, во Германија доживотниот затвор обично завршува по 15 гиодини зад решетки - што е многу поразлично отколку во САД, каде многу затворски, како и смртни казни се спроведени во целост. Вакви пресуди не се можни во Германија, бидејќи според уставот на земјата е забранета смртната казна. Освен тоа, во Германија нема воени судови.

„Земјата има многу лоши искуства со воениот суд на нацистите“, објаснува Газеас. И други земји во минатите години во одреден степен се имаат дистанцирано од воените судови.

Информациите можат да се заштитуваат

Bradley Manning Prozess Demonstration Fort Meade

На Менинг му се заканува доживотна казна затвор

Една друга позначајна разлика меѓу Германија и САД е заштитата на информациите. Ако некој новинар во САД добие, на пример, тајни документи од војник, државата има можности да го открие неговиот извор.

„Таму новинарите можат да се стават во затвор, ако не сакаат да дадат изјава“, вели Хендрик Цернер, портпарол на Здружението на новинари на Германија. „Во Германија новинарите имаат право да се повикаат на правото на неоткривање на изворот на информации“. Ваквото право е регулирано со Законот за кривична постапка. Ценер објаснува дека без оглед на тоа „дали се работи за информации од војник или цивил, новинарот е должен да обезбеди анонимност на изворот“. Сепак, не постои законска обврска новинарот да ги заштити своите извори на информации.

Но, сите овие заштитни механизми во случајот на американскиот војник Бредли Менинг не би имале никаков ефект, затоа што тој не беше откриен од некого, туку самиот се откри на интернет.