1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што ја чека новата власт во Србија?

Со потпишување на коалициониот договор меѓу СНС, СПС и УРС Србија доби нова влада. Пред неа меѓутоа стојат големи економски и политички предизвици.

Од новата влада се очекува, да се зафати со многубројните натрупани проблеми, истакнува за ДВ политичкиот аналитичар Дејан Вук Станковиќ. Тоа пред се’ се однесува на социјално економските проблеми, но и на политичките прашања како решавање на прашањето за Косово и европските интеграции, вели Станковиќ.

Serbische Regierung Hauptsitz Belgrad Serbien

Главното седиште на владата во Белград

„Значи очекувам да ги вложат сите свои ресурси за надминување на огромните потешкотии кои ги чекаат, и во тој правец да избалансираат многу конкретна програма. Бидејќи, со помош на некои општи и начелни принципи можат да и се претстават на јавноста, но ако тие принципи не се конкретизирани, односно ако не се проследени со конкретни решенија, стравувам дека ќе имаме влада, која ќе се служи со општи формулации, а нема да ги решава конретните проблеми“.

Интересно е што во коалицискиот договор се најдоа и некои работи со кои по природата на нештата треба да се занимава секоја влада како што се борбата против корупцијата и организираниот криминал или департизацијата. На прашањето зошто овие работи се напоменуваат во коалицискиот договор Станковиќ одговора: „Затоа што се работи за договор од декларативен карактер со кој всушност се соопштуваат некои основни намери кои оваа влада ги има во овој момент. Повеќе се работи за тоа што е обидуваат да се легитимираат во јавноста, отколку што нудат одговори на конкретни прашања кои треба да ја дефинираат нивната идна работа“.

Ivica Dacic

Мандатарот за состав на нова влада Ивица Дачиќ

Најголемите пречки кои се исправени пред новата влада се од економска природа, оценува Станковиќ: „Како и соочување со вистината за тоа под кои претпоставки Србија може да ги продолжи евроинтеграциите. Мислам дека тоа ќе бидат два најголеми предизвици, значи социјално-економската ситуација, изградбата на правната држва и државни прашања врзани за надворешно политичката ориентација. Вклучително и Косово како еден од проблемите кој ќе ја сочека владата“.

Германија најголем сојузник?

Од оваа влада не можат да се очекуваат некакви спектакуларни економски потези, и тоа не поради нејзината неспособност туку и поради објективни околности: „Така што максимумот кој оваа влада може да го пружи на почетокот е тоа Србија да добие извесно чувство на праведност и правада, барем и селективна, но сепак некаква правда“, оценува за ДВ главниот уредник на весникот „Данас“ Зоран Пановиќ.

Serbien Belgrad Opposition Demonstration Tomislav Nikolic

Претседателот Томислав Николиќ

Кога станува збор за надворешно-политичките предизвици Зоран Пановиќ го свртува вниманието на една реченица од Томислав Николиќ, која ја изговори ноќта на изборната победа, а која многумина ја заборавија: „Таа реченица многу ме изненади, а тоа е дека Германија е најголемиот сојузник на Србија на Балканот. Јас тоа навистина не го знаев до таа вечер. Така што ако тоа не беше некој превид, тогаш био било многу охрабрувачки Србија да има силни и добри односи со Германија, кои навистина се суштински битни“.

Американците не ги интересираат идеологии

Тешкотиите со кои беше формирана оваа влада се очекувани, оценува Дејан Вук Станковиќ, оти беше тешко да се направи влада од партии кои идеолошки се различни и кои немаат никакви допирни точки во претходното политичко делување. Со оглед на тоа што Србија сепак доби влада во овој состав, се покажува дека американскиот притисок не вродил со плод, или американските претставници воопшто не се занимавале со тоа: „Американската страна е рамнодушна кон идеолошкиот состав на која било влада“, смета Станковиќ. „Нив ги интересира таа влада да постапува во согласност со оние барања кои Американците ги сметаат за оправдани. Мислам дека во таа смисла тие не вршеа притисок, ниту ќе вршат. Тие оваа влада ќе ја ценат според постигнатото по оние прашања кои сметаат дека се важни,  а тоа се пред се’ Косово и продолжувањето на ероатланските интеграции“.