1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што треба да произлезе од светскиот финансиски самит?

Во Вашигтон се оддржува светскиот финансиски самит. На него присуствуват лидерите на 20-те најважни индустриски и земји во развој. Очекувањата од самитот се големи. Коментар на Хенрик Беме.

default

Им завидувам на сите оние кои деновиве се собрани во Вашингтон, бидејќи таму ќе се зборува за работи кои ќе бидат запишани во историјата. Без разлика какви ќе бидат закључоците од средбата, тие ќе ја променат судбината на светот. Истото важи и во случај да не биде постигнат договор, но за тоа не сакам да размислувам.

Се разбира дека во Вашингтон не треба да се прогласи крај на ерата на капитализмот, а тоа и нема да се случи. Меѓутоа на врвот во планот со решенија треба да се стави она што овде во Германија го нарекуваме социјална пазарна економија. Мора јасно да се каже дека вака веќе не оди. Финансиските пазари повеќе не смеат да бидат коцкарница. Повеќе не важи ниту реченицата дека пазарите тоа сами ќе го решат. Тоа мора да го увидат и лидерите на САД и Велика Британија. На досегашните барања за поголема транспарентност на таканаречените Хеџ-фондови и агенции за рејтинг, тие реагираа само со блага насмевка.

Да се одредат јасни правила на игра

Во Вашингтон мора да бидат поставени темелите врз чија основа во наредните месеци ќе се изгради нова куќа на чии влезни врати ќе пишува „Светски финансиски систем“. Истовремено таа треба да биде модерна, стабилна и јасно отворена. На секој нејзин кат, на сите јазици треба да бидат напишани правилата на игра. Како на пример, дека не треба да се биде лаком, да не се лаже и да се продава она што може да се објасни. Пораката за посетителите пак треба да гласи: купувајте го само она што го разбирате.

Talfahrt der Börsen Japan

Берзите забележаа рекордни загуби

Актуелната гигантска криза веројатно ќе предизвика доволно силен притисок врз светските лидери за да ја увидат потребата од акција. Причините за кризата веќе ни се познати. Го знаеме и тоа дека повеќе не може без надзор. Мора да се засили контрола на пазарите и да се воведат важечки стандарди за биланс на работењето. Мора да се укинат таканаречените даночни оази ширум светот. Се разбира дека банките и во иднина ќе ни бидат потребни. Тие се најважниот дел од системот кој функционира со помош на пари. Но, ни недостасуваат искрени банкари кои ќе бидат во служба на целиот систем, а не на лудите идеи за големи профити.

Но за да се постигне ова потребни ни се нови институции. Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка мора да се реформираат. Индустриските земји во развој мора да добијат поголемо право на глас. Новите институции кои ќе го вршат надзорот на финансиските пазари мора да бидат архитекти, а не пожарникари.

Можеби овој список со желби се чини долг, но друг пат нема. Мора да се дојде до еден јасен план, со јасно дефинирани цели и рокови. Никој не смее да биде задоволен со минимален консензус. Привремените решенија нема да бидат доволни.

DW.COM