1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Што сѐ има во еден супер- аквариум?

Во „Sea Life“ центарот во Хановер може да се видат ајкули, желки, различни риби... вкупно 160 видови морски животни. На вработените при пребројувањето им помагаат и децата кои во аквариумот имаат воншколска настава.

„Еден, два, три, четири, пет, шест, седум, осум, девет, десет...“ - Инвентар во „Sea Life“ во Хановер. Колку ајкули има? А, колку морски желки?

Куба-крокодилите брзо се пребројани. Два од нив живеат овде: Матилда и Мари. Но, во големиот аквариум живеат и многу други морски животни.

„Се разбира мораме да знаеме колку животни имаме, едноставно исто така како и во секое друго претпријатие, каков е фондот, колку животни во текот на годината можеби починале, колку деца, односно колку риби-бебиња сме добиле - тоа е многу важно за нас“, вели Аника Кирхнер од „Sea Life“ во Хановер.

Еднаш годишно за таа цел „Sea Life' добива поддршка од учениците. Тие мораат да избројат и документираат 160 различни видови животни.

„Малку е тешко, бидејќи тие цело време пливаат и може да се случи некоја риба, која веќе сме ја избројале на едно место, повторно да ја броиме на друго“, вели едно девојче.

„Сега мораме да ги броиме ајкулите, претходно избројавме пет сега се четири, малку сме збунети оти сега броиме само четири“, дополнува друга ученичка.

Децата се забавуваат и покрај тоа учат и нешто. Наставничката Барбара Депе подвлекува: „Според моето искуство, воншколските активности на учење секогаш многу помагаат. Децата понекогаш така повеќе помнат, отколку кога држам само фронтална настава. За жал тоа е така“.

На морската желка Оскар се чини ѝ е сеедно колку други животни има во аквариумот. Оти таа бездргуо се чувствува како шеф.