1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Што следува по изборите?

Според Уставот на Македонија, пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието, а почнува да тече од конститутивната седница на новиот парламентарен состав

default

Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.

Уставот одредува дека мандатот се доделува на кандидат на партија, односно партии кои што имаат мнозинство во Собранието со освоени 61 пратенички мандат. Во случај на освоени ист број пратенички мандати од страна на две партии, односно коалиции, претседателот на државата ќе го додели мандатот за состав на нова влада на оној кој ќе демонстрира дека зад него стојат потписите на 61 пратеник.

Мандатарот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.

Седницатa за избор на Владата, претседателот на Собранието ja свикува во рок од 15 дена од денот на приемот на предлогот за состав на Владата и програмата. Собранието ја избира Владата со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Според предвидените рокови, Македонија би требало да го добие новото Собрание до 25 јуни, а новата Влада најдоцна до 10 август.

Автор: ЕМФ/ТТ/миа

Редактор: Трајче Тосев

Поврзана содржина