1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што се случува со киднапираните војници на ОН во Сирија?

Околу судбината на филипинските војници во Сирија, кои се дел од мисијата на ОН, има се‘ повеќе непознаници. Владата во Манила соопшти дека бунтовниците не му ги предале војниците на Црвениот крст како што беше најавено.

Првиот обид за ослободување на 21 филипински војник во мисијата на ОН, кои беа киднапирани на Голанската висорамнина, по се‘ изгледа пропадна. Министерството за надворешни работи во Манила соопшти дека ослободувањето се очекува во петок (08.03) изутрина, но досега не се случи ништо. Според министерството, бунтовниците, во чии раце се војниците, и натаму инсистираат на повлекување на владините сириски трупи од регионот околу местото Џамлах, веројатно за самите да добијат поголема слобода на движење во провинцијата Дараа.

Претходно, бунтовниците, како што соопштија филипинските безбедносни сили, самите предложиле да му ги предадат на Црвениот крст киднапираните сини шлемови. Војниците на ОН беа киднапирани во средата (06.03). Тие се дел од мисијата Ундоф, која од 1970-тите е задолжена за надзор на сириско-израелскиот прекин на огнот на Голанската висорамнина. Поради киднапирањето, бунтовниците на Јармук бригадата, кои се одговорни за тоа, беа жестоко критикувани од страна на останатите членови на сириското опозиционо движење. Киднапирањето ги разгоре стравувањата дека сириската граѓанска војна би можела да се прелее на соседните земји.