1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што се случуваше во Мадрид на 11 март 2004-та?

Хроника на настаните

default

Мадрид, четврток, 11 март 2004 година. Како и секое утро во 7 часот и 37 минути, полниот регионален воз на линијата Ц-1 влегува полека во железничката станица Атоха. Одеднаш експлозија ги потресува поспаните патници. Во наредните три минути експлодираат десет бомби во ранци поставени во четири различни возови. Покривите навагоните, седиштата, прозорците, вратите – се е разнесено од околу 100 килограми експлозив. Од него настрадаа и 200 луѓе.

Кон Атоха итаат болнички возила. Луѓе кои во паника бегаат од железничката станица, им доаѓаат на возилата во пресрет. Хеликоптери летаат над градот. На раскрваренитепатници им помага секој што може. ”Уништени семејства, пријатели, ова е несфатливо, неверојатно.”

Луѓето талкаат низ болниците, меѓу двете илјади повредени ги бараат своите роднини. Исто како Адријан: ”Кога ја најдовме, не ја препознав. Главата и беше целата во крв, се беше отечено, не ја препознав.”

За конзервативниот премиер, Хозе Мариа Азнар, е јасно – одговорна за масакрот може да биде само баскиската терористичка организација, ЕТА: ”Дали за една влада која има 30 годишно искуство со тероризам не е логично да размислува дека е тоа дело на ЕТА?”

Иако веќе по неколку часа од експлозиите доаѓаат првите укажувања дека делото има исламистичка позадина, Азнар останува на својата теза. На три дена пред избори не сака да постави врска меѓу нападите и неговата про-воена политика по прашањето на Ирак. Кон болката на луѓето, се приклучува и бесот дека биле излажани: Сакаме да ја знаеме вистината, викаат демонстрантите пред централата на владеачката партија. Но, поголемиот дел од луѓето мораат прво да се соземат од шокот на овој 11 март. Главниот град, кој инаку е во постојано движење, е парализиран.