1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што се случи на бродот „Мави Мармара“?

ОН започнуваат истрага за контроверзниот напад на израелските војници врз турските бродови со хуманитарна помош за Појасот Газа во мај годинава. Првичните резултати треба да бидат познати во средината на септември.

default

Четиричлената Истражна комисија на ОН денеска (10.08.10)ја започнува работата со официјално ветување на Израел дека ќе соработува со неа.

„Израел нема што да крие. Во национален интерес на Израел е да се утврди фактичката вистина за случувањата со хуманитарната флота“, изјави израелскиот премиер Бенјамин

Aktivisten der Hilfsflotte in Gaza

Нападот врз хуманитарниот конвој во мај 2010

Нетанјаху за време на вчерашната седница на владата. Меѓутоа, новинските агенции, повикувајќи се на израелски владини извори, пренесуваат дека Израел се заканува со бојкот на истрагата на ОН доколку бидаат испрашувани израелски војници.

Израел, велат овие извори, се согласил да учествува во комисијата, под услов таа да се потпира на сопствената истрага и да не повикува војници за сведоци. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун претходно во Њујорк изјави дека не постои ваков договор.

Во комисијата учествуваат и турски и израелски дипломат

Во комисијата што ќе ја предводат поранешниот премиер на Нов Зеланд Џефри Палмер и колумбискиот претседател во заминување Алваро Урибе, членуваат и еден турски и еден

Logo der Weltgesundheitsorganisation (engl. kurz WHO)

ОН

израелски дипломат. Таа треба да го претстави својот првичен извештај за истрагата во средината на септември, откако претходно ќе ги разгледа околностите поврзани со инцидентот на 31 мај, во кој израелските командоси го нападнаа конвојот од шест бродови во обидот да спречат тие да ја пробијат поморската блокада на палестинската автономна област во Појасот Газа.

За време на акцијата загинаа девет турски државјани, меѓу кои еден и со американски пасош, а најмалку седум израелски војници беа повредени. Израел досега официјално одбиваше да соработува со меѓународни истраги за неговото постапување и најчесто ги бојкотираше или едноставно игнорираше. Сега изгледа дека државата почнува со нов пристап, под притисок на меѓународната критика дека не покажува волја за соработка, но и поради желбата да ги поправи односите со Турција, најсилниот муслимански и регионален партнер на Израел, како на економски, така и на политички план. По инцидентот на 31 мај односите меѓу двете земји многу се влошија.

Нетанјаху ја бранеше акцијата на командосите

Benjamin Netanyahu vor dem Untersuchungssausschus

Премиерот Бејамин Нетанјаху ја брани акцијата

Израел, инаку, спроведува и сопствена истрага за нападот врз хуманитарната флота пред која вчера сведочеше и премиерот Нетанјаху. Тој ја бранеше акцијата на командосите велејќи дека таа е во согласност со меѓународното право:
„Нашата морнарица немаше друг избор, освен да влезе на овие бродови. На пет од нив немаше отпор и затоа немаше повредени. На најголемиот брод работите се одвиваа сосема поинаку. Тоа не беше брод на љубовта, туку брод на омразата. Тоа не беа пацифисти и мировни активисти, туку насилни поддржувачи на тероризмот“, рече Нетанјаху.

Автор: СН/ ЕМФ/ дв/ ртре

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM