1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Што се’ премолчува извештајот за извоз на оружје?

Извештајот за извозот на оружје од Германија во 2011 година премолчува многу податоци. Така, не се наведуваат имињата на компаниите. Само патем се спомнува дека и Бундесверот во странство продава вооружување и опрема.

Зошто повторно и од почеток во кризните подрачја се појавува оружје од германско производство? Германската влада тврди дека со извезувањето на оружјето се однесува „рестриктивно“ и оти забранува извоз во земјите со висок конфликтен потенцијал или со критична состојба на човековите права.
Факт е дека секој извоз на оружје во Германија мора да биде одобрен. И покрај тоа, либиските бунтовници во 2011 година, против диктаторот Гадафи, се бореа со модерни германски јуришни пушки. Но како стигнало оружјето во Либија? Исклучено е дека потекнува од германското воено вооружување бидејќи Бундесверот, според сопствените податоци, го уништува вишокот на лесно вооружување. И германскиот производител негира дека испорачувал оружје во Либија.

Филтрирање на информации



Кој очекува разјаснување на вакви случаи во извештаите на Сојузната влада за извоз на оружје, ќе биде разочаран, вели Јан Грене од Меѓународниот центар за конверзација во Бон. „Извештајот воопшто не наведува која фирма што, во кое време и во која земја испорачува“, кажува Грене.
Германскиот извештај за извоз на оружјето во суштина е збир на издадени дозволи за извоз. Главниот дел на извештајот содржи листа на оние земји за кои е извозот дозволен. Нема податоци за тоа дали навистина извозот е реализиран според договорената сума и дали оружјето е воопшто извезено.

Владата: детален извештај

Наспроти тоа, Германската влада смета дека извештајот е детален. На барање на ДВ, од Министерството за економија стигна соопштение дека во извештајот, од „правни причини“, не се наведуваат имињата на фирмите.
Сепак не продаваат само германските фирми оружје ширум светот. И германската влада е вмешана во трговијата со вооружување и опрема на Бундесверот. Но ниту за тоа нема правни објаснувања во извештајот.

Бундесверот продава стара опрема

Сепак, прецизните податоци за продажбата на оружје не ги наведуваат имињата на фирмите. Владините документи, кои не се достапни за јавноста, покажуваат дека германските вооружени сили во 2011 година договориле продажба на алат, муниција и тенкови од околу 11 милиони евра и тоа на Бразил, Чиле, Данска, Канада и Шведска. Во 2010 година Германија извезе во Турција 56 борбени тенкови од типот Леопард-2А4, за повеќе од 13 милиони евра.
Сите тие приходи се слеваат во државниот буџет. При тоа пикантен е фактот дека Министерството за одбрана ги одобрува сопствените бизниси со оружје. Додека компаниите поднесуваат барање на надлежната Сојузна канцеларија за извоз на вооружување, едно оделение во Министерството за одбрана ја одобрува реализацијата на продажба од вооружувањето и опремата на Бундесверот.